Ако барате идеја за денешната посна вечера, на вистинското место сте. Ви предлагаме топла компир салата со туна и маслинки.
Потребни состојки:
1 кг. компири
2 конзерви туна
црни маслинки без семка
2 млади лукчиња
1 лажица сенф
1 лимон
3 лажици маслиново масло
сол, бибер
неколку гранчиња свеж магдонос
Подготовка: Измијте го компирот, варете го со лушпа околу 30 минути додека не омекне. Кога компирот ќе се свари, измијте го со ладна вода и прелијте го со сок од лимон, оставете г малку да се олади, па исечете го на кругови со еднаква дебелина.
Лукот исечкајте го на ситно, додадете го во компирот и измешајте. Измешајте маслиново масло, сенф, магдонос, сол и бибер и измешајте. Додатете ја мешавината во компирот, додадете ја туната и маслинките и промешајте.
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Shutterstock