Актерот Власта Велисављевиќ (94) е позитивен на коронавирус и моментално се наоѓа на Инфективна клиника во Белград. Актерот претходно ги примил двете дози од вакцината, но состојбата на Власта се влошило.
-Се чував и уште се чувам. Лошо е кога имате некој проблем од друг вид што се однесува до здравјето, па потоа поради корона, другите дејности во медицината не работат или со намалени капацитети. Се е донекаде затворено. Сега не можеме да се контролираме како порано. Или можеме помалку. Како и целиот останат свет, така се чувам и јас. Светот се бори и јас заедно со светот- рекол неодамна актерот по повод тешката ситуација во целиот свет поради пандемијата со коронавирусот.
Откако ги примил двете дози од кинеската вакцина, Велисављевиќ добил коронавирус и сега се бори за живот.
Тој на 21.јануари ја примил првата доза од кинеската вакцина, иако сакал руска. Тој тогаш во разговор за Нова.рс рекол дека електронски се пријавил за руска вакцина, но медицинските работници му предложиле да ја прими кинеската, со што тој се сложил.
„Преку „еУправе“ се пријавив за вакцинација. После два дена добив телефонски повик и некој ме извести дека моето барање е прифатено и да дојдам во Дом за здравје „Савски венац“ во осум часот наутро. Така и направив. Се појавив таму и чекав ред. Бев најстар од сите.“
„Јас се определив за руската вакцина, но не можев да ја примам. Медицинарите ми рекоа дека таа не може да се дава на постари од 76 години, а јас имам 94. Им реков на лекарите: Сакам руска поради познатиот руски писател и лекар Антон Павловиќ Чехов. Мислев дека ќе ме разберат, но никој изгледа не ме разбра. Малку се шегував. Искрено да ви кажам сеедно ми е која вакцина е во прашање. Важно ми е да се заштитам од коронавирусот и да бидам здрав“, раскажал во своето искуство за Нова.рс познатиот актер Власта Велисављевиќ кој на 21.јануари се вакцинирал.
Извор:Правда.рс