(ВИДЕО) Бајден одвај стои на нозе: Aмериканскиот претседател падна трипати при влегување во авион – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 6:18 PM

(ВИДЕО) Бајден одвај стои на нозе: Aмериканскиот претседател падна трипати при влегување во авион

Медиумите уште во време на претседателската трка помеѓу демократскиот кандидат, Џо Бајден и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, шпекулираа дека здравјето на Бајден е загрижувачко и дека таквата состојба би можела да влијае врз извршувањето на функцијата на актуелниот претседател на една од најголемите светски сили.

Објективите на камерите денес забележаа невообичаена, или помалку невообичаена случка во која беше вклучен и некогашниот потпретседател на Барак Обама. При влегувањето во авионот „Аir Force One“, непосредно пред полетувањето за Атланта, Бајден во три наврати падна по степениците.

 

На крајот сепак успеа да се искачи, а на социјалните мрежи се шегуваат дека денешната непријатност на некој чуден начин е поврзана со вчерашната искрена честитка и желба на Владимир Путин за „добро здравје“, упатена кон американскиот колега.

 

 

 

Фото:

abcnews.go.com