На интернет се појави видео од чудна сообраќајна несреќа која се случила во Турција. Возач на луксузен автомобил „ферари 458 италиа“ излезе од автоперална, не сфати колкава сила има колата и се тресна во семафор.
Судејќи според објавеното видео, возачот на црното ферари одлучил ефективно да излезе од автопералната, односно веројатно стигнал посилно на педалата за гас и со левиот дел од автомобилот во ивицата од тротоарот.
После тоа автомобилот се сврте во спротивен правец и по инерција се удри во столбот од десна страна.
https://www.youtube.com/watch?v=kcjHV10PUYw&t=6s
Неофицијално, автомобилот го возел работник во автопералната, но во секој случај поради сериозниот удар го чека ремонт.
фото: Topspeed.com