Адеми и Ристовски со Динамо против Вилјареал – Ждрепка за Лига Европа – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 2:54 PM

Адеми и Ристовски со Динамо против Вилјареал – Ждрепка за Лига Европа

Хрватскиот првак Динамо Загреб кој синоќа сензационално го елиминираше Тотенхем на Жозе Мурињо со 3:0 после продолженија, во четвртфиналето на Лига Европа ќе игра против Вилјареал од Шпанија.

На ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион, тимот на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе треба да го мине силниот шпански тим ако сака во полуфиналето да игра со победникот од втората четвртфинална двојка Арсенал – Славија Прага.

Манчестер Јунајтед доби релативно лесна задача против Гранада и се очекува во полуфиналето да игра против подобриот од дуелот Ајакс – Рома кој е и означен како дерби во четвртфиналната фаза.

Првите натпревари се закажани за 8 април, а реваншите за 15 април.

Фото: 24sata.hr