Ковид позитивните лица кои за време на теренскиот попис ќе бидат хоспитализирани, ќе бидат попишани од страна на членовите на нивното домаќинство, вели Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.
„Во однос на спроведувањето на пописот за лицата кои во моментот ќе бидат во самоизолација или позитивни, ние од следната недела од „Мој Термин“ ќе почнеме да ги добиваме на дневни основа односно лицата кои ќе бидат новодијагностицирани. Ќе водиме временска рамка кому и кога му почнува изолацијата и до кога трае. Доколку се најде некој прозорец да се попише лицето додека траат пописните активност тоа и ќе го направиме. Во спротивно доколку целиот период лицето е во изолација, ќе се обидеме да стапиме во контакт со него и неговото домаќинство и кои членови од неговото домаќинство или семејство може да даде податоци за тоа лице. Во краен случај доколку лицето е само, нема домаќинство, нема семејство, тогаш нашите попишувачи со целата заштитна опрема ќе влезат во домаќинството. Според методологијата на попишување, лицата кои се на здравствено лекување во здравствени установи нема да бидат попишани од попишувачи, тие ќе бидат попишани од страна на членовите на нивните домаќинства“, вели Ѓоргиева од ДСЗ.
Г.Д