Владата децидна: Пописот ќе се одржи, но ќе се следат и препораките на Комисијата за заразни болести – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 1:41 PM

Владата децидна: Пописот ќе се одржи, но ќе се следат и препораките на Комисијата за заразни болести

На новинарско прашање со оглед на моменталните бројки на заразени и починати со Ковид 19 и хоспитализациите дали се размислува за одложување на пописот кој би требало да се спроведе од 1 ви до 21 ви април, од Владата сметаат дека сите активности се одвиваат во насока да се одржи пописот под строго утврдениот протокол.

„Сите одлуки Владата ги донесува врз основа на Комисијата за заразни болести кои што се разгледува на главниот координативен кризен шатаб од каде заклучоците одат на седница на Влада. Се што ќе дојде како препорака се разгледува на Влада. Сите активности се одвиваат во насока на тоа дека ќе се одржи пописот, гаранција дека нема да има потреба од одлагање е строгиот протокол кој се запазува со соодветна обука на сите инволвирани во пописот. Ќе се следат препораките на Комисијата за заразни болести како и за многу други случаи во однос на безбедносни ризици. Во овој момент сите сили се насочени кон тоа да се почитуваат протоколите и да се реализира пописот“, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.

Г.Д