Социјалните мрежи денеска објавуваат фотографии и видеа со стотици лица како чекаат во редици за тестирање за коронавирусот пред Центарот за јавно здравје во Охрид.
Тоа предизвика реакции и страв кај населението дека се работи за енормно зголемен број инфицирани во градот.
Според информациите од Центарот за јавно здравје, повеќето од нив се лица кои вршат приватно тестирање, односно за лични потреби.
Како што соопштија за МИА од Центарот, денеска се земени примероци за тестирање од некаде 150 лица, од кои 120 се токму лица кои бараат тест заради патување во странство.