(Видео) „Јутро је“ на Нада Топчагиќ стана официјална химна на Милан – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 1:16 PM

(Видео) „Јутро је“ на Нада Топчагиќ стана официјална химна на Милан

Златан Ибрахимовиќ му даде нова младот на фолк-хитот на Нада Топчагиќ, „Јутро је“. Песната на музичката ѕвезда ечеше најпрво пред станот на шведскиот фудбалер со босанско потекло во неговиот дом додека се снимаше на Инстатрам, потоа со таа песна Златан излезе на сцената на славниот фестивал Сан Ремо и ја изведе во живо, а синоќа се слушна и на стадионот на Милан, „Сан Сиро“.

Додека играчите на европските фудбалски гиганти Милан и Манчестер Јунајтед се подготвуваа да го одиграат реваншот од осминафиналето во Лига Европа, од гласните звучници на култниот стадион во Милано се слушаше песната „Јутро је“. Еве го и видеото кое го објави официјалниот профил на Манчестер Јунајтед на Твитер:

 

извор: Mondo.rs

фото: marca.com