Европскиот првак Баерн против ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 1:10 PM

Европскиот првак Баерн против ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Актуелниот првак Баерн Минхен ќе се сретне со францускиот првак ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако пред малку со ждрепка во Нион беа формирани двојките за следната фаза. Ова е реприза на финалето од 2020 година кое се одигра во август месец поради одложувањето на сезоната што го предизвика пандемијата.

Второто големо дерби во четвртфиналето ќе биде двобојот помеѓу шампионите од 2019 и 2018 година, Ливерпул на Јирген Клоп и Реал Мадрид на Зинедин Зидан.

Манчестер си закажа пресметка со Борусија Дортмунд предводен од гол-машината Ерлинг Халанд, а најлесно помина Чези кој за влез во полуфиналето ќе се сретне со Порто кое во осминафиналето го исфрли Јувентус.

Првите натпревари се закажани за 6 и 7 април, а реваншот ќе се одигра на 13 и 14 април.