Почина медицинската сестра од Грузија која падна во кома откако ја прими вакцината на „АстраЗенека“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 1:14 PM

Почина медицинската сестра од Грузија која падна во кома откако ја прими вакцината на „АстраЗенека“

Во Грузија почина 27-годишна медицинска сестра, која падна во кома по примањето на вакцината на „АстраЗенека“, развиена против новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува агенцијата Анадолија (АА).

Во Универзитетската клиника во Тбилиси почина медицинската сестра, која вчера падна во кома откако ја прими вакцината на „АстраЗенека“, развиена од Универзитетот „Оксфорд“.

И покрај третманите кои се применувале 16 часа, медицинската сестра не можела да излезе од кома и починала во 12:00 часот по локално време.

Медицинската сестра, на која ѝ беше дадена вакцина на „АстраЗенека“ на клиниката „Емеди“ во градот Ахиска, развила анафилакса (сериозна, потенцијално опасна за живот алергиска реакција, која треба да се лекува веднаш) неколку минути по вакцинацијата.

Комитетот за вакцинација, кој се состана поради сосотојбата на медицинската сестра, донесе одлука за продолжување на користење на вакцината на „АстраЗенека“.

На претседателот Саломе Зурабишвили вчера наутро му беше дадена вакцина на „АстраЗенека“.

Грузија во првата фаза, на 13 март, купи 43.200 дози од вакцината на „АстраЗенека“.

Во земјата, како дел од борбата против Ковид-19, на 15 март почна вакцинацијата на здравствените работници.