И покрај пандемијата првата фаза од самопопишувањето успешна, велат од Владата – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 12:59 PM

И покрај пандемијата првата фаза од самопопишувањето успешна, велат од Владата

Правта фаза од т.н пред попишување успешно заврши, велат потпаролите на Владата Душко Арсовски и Мухамед Хоџа.

Со првата фаза беа опфатени припадниците на АРМ, бездомниците, дипломатско конзуларните претставништва во странство, вработените таму, во мисиите на АРМ во странство, затворениците. Во тек е попишувањето на дијаспората, а институциите работат со полн капацитет во подготовките за теренското спроведување на пописот 2021 година.

Завршени се обуките на државните инструктори кои денес заминуваат на терен, каде што заедно со комисиите на пописните реони ќе го организираат тестирањето на кандидатите кои што се пријавуваат на дополнителниот конкурс за попишувачи, во оние реони каде што недостасуваат попишувачи, а конкурсот е отворен до утре.

„Оние кои конкурирале на првите два конкурса треба да знаат, дека доколку не се појавиле на тестирање можат да се пријават за тестирање во општината каде се пријавиле. Попишувачите ќе имаат можност да заработат и до 35.000 денари хонорар за ангажманот. Најголем број од оние кои што досега се пријавиле се студенти и невработени граѓани. Во тек е дистрибуцијата на лаптопите и дистрибуцијата на заштитните материјали во комисиите каде што ќе се чуваат до распределбата на попишувачите и реонските инструктори во пописните кругови. Следната недела започнуваат обуките на реонските инструктори а потоа и на попишувачите“, рече владиниот потпарол Арсовски на денешната прес конференција.

Што се однесува до оние установи кои што се под министертсвото за правда, за воспитно поправните домови и затворите исто така се одвива успешно, изјави портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски.

„Во сите 11 затвори и еден дом за малолетници во село Волковија. Во управата за извршување на санкции не е пријавено дека некое лице се разболео или инфицирало од корона вирусот за време на попишувањето. Попишани се и бездоните лица во повеќето шлтер центри кои се низ државата, исто и припадниците на АРМ кои се во странство и оние кои за време на пописот нема да бидат дома односно во касарните“, вели Видиновски.

Досега најголем интерес за самопошишување има во европските земји Швајцарија, Германија и Италија.

„Во контекст на самопопишувањето во дијаспората процесот се одвува без проблеми, отстранети се сите технички грешки кои се појавија во текот на процесот. Задоволни сме од одзивот на попишаните граѓани исто така веруваме како Влада останува посветени за успешна реализација на оваа статистичка реализација. Заклучнио со денеска 19 март во дијаспората вкупно се попишани се над 82.000 наши сограѓани. Најголем број наши сограѓани има во Швајцарија над 26.000, Германија околку 19.000, потоа Италија каде се самопопишани над 10.000 наши сограѓани“, изјави владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Г.Д