Инклузивно игралиште за игра и рекреација на деца и млади со попречености ќе се гради на езерото „Младост“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 12:34 PM

Инклузивно игралиште за игра и рекреација на деца и млади со попречености ќе се гради на езерото „Младост“

На парцелата која се наоѓа веднаш до Еко кампот преку проект  финансиран од ЕУ, кој е во финална фаза на изведба, до крајот на мај годинава  ќе се изгради и опреми инклузивно игралиште со две тактилни патеки и реквизити соодветни за користење од страна на деца и лица со попреченост и  за сите посетители од земјава и од странство.

-Проектот вклучува и подготовка на регионален план за социјална инклузија како и изработка и поставување на платформа со која лицата со попреченост ќе можат да влезат во водите на езерото  „Младост“ под надзор на стручни лица. Проектот насловен „Инклузивен туризам – рекреативни содржини и услуги за еднаков  пристап до туристичката атракција Езеро Младост“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, во рамки на Грантова шема за инвестициски проекти во областите на социјална инклузија. Од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа се обезбедени 8.914.935 денари,информира градоначалникот Аце Коцевски.

Тој информира дека  заврши тендерската постапка за избор на изведувач на работите за изградба и уредување на регионалното инклузивно игралиште на езерото „Младост“

Како што информира за МИА, Игор Андреев од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион седиште во Велес, овој проект одел преку ЦРВПР, а фирмата изведувач избрана на тендер е ДПТГУ„Делта Пром“ ДООЕЛ Велес.

Според  градоначалникот Коцевски, овој значаен проект е еден од првите во државата кој ќе  овозможи услови за игра и рекреација на децата и младите со попреченост.