Поранешниот пакистански премиер од затвор е преместен во болница – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/18 6:55 AM

Поранешниот пакистански премиер од затвор е преместен во болница

Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф е примен во болница поради болест, соопшти владин извор.

Шариф и неговата ќерка беа уапсени на 13 јули откако беа осудени на 10 и седум години затвор од страна на антикорупциски суд поради поседување недвижности во Велика Британија преку оф-шор компании.

Шакуат Џавед, привремен вршител на должност министер за внатрешни работи на провинцијата Пенџаб, изјави дека лекарите препорачале хоспитализирање на Шариф откако неговото ЕКГ покажало отстапувања.

 

Извор:МИА