Kолку должат граѓаните од земјите на екс-ЈУ – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 11:23 AM

Kолку должат граѓаните од земјите на екс-ЈУ

Според јануарските податоци од шесте централни банки,  со 18 милијарди евра Хрватите се најзадолжени, а Црногорците најмалку, со околу 1,39 милијарди евра.

На второ место според вкупниот долг кон банките се Словенците со 11 милијарди евра, граѓаните на Србија се трети со износ од десе милијарди евра, во Босна и Херцеговина таа сума 5,07 милијарди, а во Македонија 3,01 милијарди евра.

Ако,пак, се гледаат вкупните износи на заемот во однос на бројот на жители, излегува дека граѓаните на Србија се најмалку задолжени во споредба со другите земји што потекнуваат од поранешната заедничка држава СФРЈ, пишува порталот „Бизнис.рс“, пренесува РТВ.

Според висината на личните долгови по врз основа на заеми, најзадолжени се Словенците со износ од 5.286 евра, следуваат Хрватите со 4.208, Црногорците со 2.239, граѓаните на БиХ со 1.536, Македонците со 1.452 и на крајот Србите со просечни 1.443 евра долг.