Време: Денеска сончево, од утре дожд, а на повисоките места и снег – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 6:59 AM

Време: Денеска сончево, од утре дожд, а на повисоките места и снег

Сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец. Утринската температура од минус шест до два, а дневната од два до 14 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

Од сабота до понеделник, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има в недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југоисточен правец, кој в недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.