Во САД на 71 отсто од работниците им е потребна поддршка на психичкото здравје – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 12:02 AM

Во САД на 71 отсто од работниците им е потребна поддршка на психичкото здравје

Во Соединетите Американски Држави (САД), на 71 отсто од работната сила им е потребна поддршка на психичкото здравје поради пандемијата на коронавирусот, покажуваат податоците на студијата објавена вчера од „Џонс Хопкинс – Медисин“, Би-ејч-ес и „Квест дајагностикс“ („Johns Hopkins Medicine“, BHS, Quest Diagnostics), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Студијата објавена во списанието „Медицина на трудот и заштита на животната средина“ откри дека голем процент од работниците тврдат дека се изложени на ризик од депресија, анксиозност и хроничен стрес, додека 80 проценти од вработените немале историја на лекување кога станува збор за психичкото здравје.

„Нетретираното и недоволно лекуваното психичко здравје е големо здравствено прашање“, изјави извршната директорка на „Емвиталс“, Џенифер Хантер.

Како што истакна, 60 отсто од луѓето на кои им е потребна психичка заштита, никогаш не ја бараат, а оние што ќе ја побараат, претходно чекаат и до десет години.

„Психичкото здравје мора да се трансформира од реактивна и фрагментирана нега во проактивна и интегрирана нега“, додаде Хантер.