Коронавирусот пристигна и на „Џузепе Меаца“: Одложен мечот на Интер против Сасуоло – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/21 11:31 PM

Коронавирусот пристигна и на „Џузепе Меаца“: Одложен мечот на Интер против Сасуоло

Матиас Весино и Стефан Де Фрај, се приклучија на листата на фудбалери заразени од коронавирусот во Интер, која ја сочинуваа Самир Хандановиќ и Данило Д’Амброзио, соопшти денес италијанскиот гигант.

Ваквиот развој на настаните дополнително ќе го искомплицира распоредот на „Нероаѕурите“ во походот кон прво Скудето по цели 11 години, но и плановите на селекторите на репрезентациите во оваа интернацонална пауза.

Мерките и рестрикциите на градските власти ги суспендираат сите спортски активности на клубот од Милано до 21 март, а тоа значи и одложување на лигашкиот дуел против Сасуоло и неможност за одговор на репрезентативните повици поради строгата изолација.

Интер во моментот се наоѓа на првата позиција во Сериа А со девет поени предност пред второпласираниот Mилан.

 

 

 

Фото:

sempreinter.com