Рашковски од Мексико: Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/21 10:43 PM

Рашковски од Мексико: Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни” од страна на поранешниот Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Рашковски од Мексико во кратка изјава за „ТВ Сител“, изјави дека треба да се остават институциите да ја извршуваат својата надлежност и дека единствениот исправен начин за дознавање на вистината е токму преку нив.

За потсетување, владиниот Генерален секретаријат во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци кој не е во употреба, а бил платен 81.000 евра на компанијата „Инвока“, без знаење и согласност на Министерството за внатрешни работи. Тој претходно патентирал сличен софтвер за сообраќајни казни пред да го купи од „Инвока“ во време на извршувањето на функцијата.

Од Обвинителството, посочуваат дека во меѓувреме, откако се издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.