Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците денеска престојуваше во еднодневна посета на Република Косово, во рамки на која оствари повеќе средби со лидерите на косовските политички партии Енвер Хоџај, Рамуш Харадинај, Лумир Абдиџику и Фатмир Лимај, како и со со в.д претседателка на Република Косово Вјоса Османи.
На работната средба со в.д претседателка на Република Косово Вјоса Османи, како што информираат од кабинетот на Груби, било разговарано на повеќе теми поврзани со интересите на Северна Македонија и Косово, вклучително и за договорите кои треба да бидат потпишани веднаш и без одлагање по формирањето на новите институции во Приштина, но исто така разговараше и за процесот на пописот на население што е веќе во тек е во РСМ.
Груби, се вели во соопштенито, на средбата со Османи и посакал што побрзо формирање на новите државни институции и одржување на заедничката седница меѓу двете влади, со цел да се реализираат проекти ветени на граѓаните, како што се патот Тетово-Призрен, воспоставувањето на систем „One Stop Shop” на граничниот премин Блаце, проширување на мрежата за гасификација на Косово низ територијата на Северна Македонија, формирање на заеднички туристички центар во Попова Шапка и Брезовица и ред други договори што се во интерес на граѓаните.
На средбата со вршителот на должноста претседател на ПДК Енвер Хоџај, Груби, како што информираат од неговиот кабинет, било разговарано за соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово како и претстојниот Пописот во РСМ, како еден од најважнитепроцеси во земјата.
Хоџај и Груби, информираат од неговиот кабинет, изразиле согласност што е можно побрзо, веднаш по формирањето на новите институции на Република Косово за започнување на соработката на двете земји.
Груби, остварил средба и со лидерот на ААК Рамуш Харадинај, на која било разговарано за важни прашања за двете земји, вклучувајќи го и процесот на попис, како еден од најважните процеси, но и за економската соработка и изградбата на автопатот Скопје-Блаце.
На крајот од оваа средба, двајцата соговорници, се вели во соопштенито, се согласиле дека ќе продолжат добрите односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово и дека со формирањето на нови институции на Косово, односно формирањето на новата Влада, соработката веднаш ќе продолжи бидејќи истото е во прилог на нашите пријателски држави.
Процесот на пописот во Република Северна Македонија бил тема на разговор и на средбите на Груби со новиот лидер на ЛДК Лумир Абдиџику и со лидерот на Социјалдемократската иницијатива Фатмир Лимај.