Хрватскиот интернационалец во редовите на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ, знае да постигнува само евро-голови. Орсиќ неодамна во дербито против Хајдук на „Максимир“ даде два спектакуларни погодоци, а сега во реванш дуелот од 1/8 финалето против фаворитот Тотенхем, покажа уште еднаш каков „топ“ во ногата поседува.
На Динамо Загреб му се потребни два гола за да го однесат натпреварот во продолженија, додека пак еден од оние кои сериозно ја имаат сфатено задачата и предизвикот ќе се најде несомнено на сите најавни шпици поврзани во Европа Лига.
Оршиќ од неговата омилена лева бочна офанзивна страна, ја префрли топката на десната подобра нога и таа се најде во мрежата на францускиот голман, Хуго Љорис.
Orsic put Dinamo up 1-0 with an absolute banger of a goal! pic.twitter.com/06tKFJyz6t
— CroatianSports (@CroatianSoccer) March 18, 2021
Во меѓувреме, сензација на повидок во Загреб. Оршиќ уште еднаш се запиша во листата на стрелците и најави пласман во 1/4 финалето од Европа Лига.
Фото:
worldfootball.net