РК Еурофарм Пелистер ја победи Металопластика во Шабац – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/21 7:40 PM

РК Еурофарм Пелистер ја победи Металопластика во Шабац

Ракометарите на Еурофарм Пелистер лесно и убедливо ја совладаа домашната екипа на Металопкастика со 34:27.

Битолчани беа во водство во текот на целиот натпревар, првото полувреме го завршија со предност од 2 голови разлика (14:16), а во вториот дел од средбата водството континуирано го зголемуваа од 4 до 10 голови разлика (19:29, 48 минута од натпреварот), за да на крајот победат и впишат нови бодови во ракометната СЕХА лига.

Најдобар поединец на натпреварот беше голманот Чаневски со 14 интервенции, а во листата на стрелците поеднакво ефикасни беа Додиќ во тимот на Металоластика и Граџан во тимот на Еурофарм Пелистер кои постигнаа по седум голови.

 

 

Фото:

tportal.hr