Македонија го освои ЕХФ-шампионатот – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/18 6:40 AM

Македонија го освои ЕХФ-шампионатот

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години триумфираа на ЕХФ-шампионатот кој се одржа во Скопје.

„Црвено-жолтите“ во финалето полесно од очекувањата ја надиграа силната Белорусија со 29-23 (15-10) и со триумфот, како првопласирана репрезентација, си обезбеди пласман место на младинското Европско првенство 2020 година.
Македонија во првиот дел беше подобра на теренот и заслужено имаше водство од +5. Силната игра во второто полувреме доведе и до водство на неколку наврати со 7 гола разлика, а до крајот само ја одржуваа предонста за конечни 29-23.
Најефикасен за Македонија беше Марио Танкоски со 8 гола, а Томислав Јагуриновски постигна седум. Петковски на нашиот гол имаше одлични 14 одбрани.
Извор:МИА