Инфлуенсерка цел живот имала бенка на ногата, а кога почнала да се менува дознала ужасна вест – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/21 3:14 PM

Инфлуенсерка цел живот имала бенка на ногата, а кога почнала да се менува дознала ужасна вест

Инфлуенсерката, Џена Колгров доживеала непријатно искуство, кога дознала дека бенката што ја има цел живот, всушност е рак на кожа.

„Имав белег веднаш над десниот глужд откако знам за себе. Меѓутоа, летото забележав промена во обликот. Всушност, за првпат можев да го почувствувам белегот, чувствував како расте, тоа беше чудно чувство кое не можам да го опишам“, раскажува девојката.

„Веќе имав состанок на 13-ти јули со дерматолог за да тестираме серум направен специјално за мене. Во текот на таа средба докторот извади мала справа и почна да ја анализира мојата кожа. Мојот сопруг, кој беше со мене, покажа на местото на мојата бенка. Докторот само ме погледна и рече дека веднаш треба да направам биопсија“, се потсетува инфлуенсерката.

Таа признава дека била нервозна во однос на биопсијата и се плашела од резултатите. Вели дека процедурата била брза,  а резултатите ги добила по една недела.

„Бев шокирана, имав меланом, многу редок карцином на кожа. Знакот дека имате меланом е промена на бојата и обликот, како што беше со мојот белег. Меланомите исто така може да изгледаат и како модринки или темна дамка под ноктот“, објаснува таа.

Откако ги добила резултатите сфатила дека нејзиниот најголем страв станал реалност.

„На сопругот едноставно му пратив порака, меланом е. Дојде до моето работно место и тој поставуваше прашања секогаш кога јас не можев. Договоривме нова средба за една недела, за да може меланомот да биде отстранет по хируршки пат“, раскажува Џена.

Нејзиниот белег се ширел површински, но не бил длабоко поставен под кожата. Во тој момент меланомот бил во прв стадиум, кога е многу полесен за лечење. Контролата покажала дека со самата биопсија бил отстранет целиот канцер, но стандардната процедура бара да се отстрани дел од кожата околу белегот, па била договорена нова операција.

„Кога ќе се потсетам на тоа, се чувствував несигурно околу се’ – кога ќе закажам преглед, кога ќе имам операција, кога ќе бидам ослободен од канцерот. Секој ден изгледаше како година, а требаше да поминат уште многу чекања – чекање биопсија, консултации, операции…“, додава Џена.

Кога завршила операцијата, таа почнала да се чувствува фрустрирано, бидејќи не можела активно да се движи.

„Имам завои и ќе одам да го посетам мојот хирург, а потоа и пластичен хирург. Лекарите велат дека веќе немам канцер, но ќе морам да посетувам дерматолог за контрола на кожата на секои три месеци во текот на следните две години, а потоа на шест месеци уште две години. Откако ќе помине тој период ќе можам да одам еднаш годишно“, вели Џена.

Таа апелира до сите редовно да одат на преглед кај дерматолог.

„Сфатив дка постои некое одредено ниво на несвесност кога се работи за канцерот на кожа. Мислам дека секој знае дека треба да стави крема за заштита од сонце, но луѓето не ги разбираат различните типови рак на кожа и колку меланомот е опасен. Благодарна сум што ова искуство ми овозможи да имам разговори за ракот на кожа и да ги охрабрам луѓето да се прегледуваат“, заклучува таа.

 

Фото:  Instagram /    jennacolgrove

Извор:  srbijadanas.com