Украина ја тресе скандал, откако полицијата почна да го истражува случајот со осумгодишната блогерка Милана Мила Маханец, која се забавува со тринаесетгодишно момче, исто така блогер. Врската на малолетниците се случува со „благослов“ од мајката на девојчето, Дарја. Милана Мила ја следат скоро седум милиони корисници на платформата Likee, која е слична на ТикТок, а особено е популарна меѓу младите во Русија и Украина. Од друга страна пак, на Инстрагам ја следат уште половина милион луѓе. Ова девојче не само што активно се занимава со блогерство со помош на својата мајка, туку работи и како детски модел на бројни ревии – пренесува RT.
Неодамна на Инстаграм, во сега веќе избришана објава, таа обелодени дека е во романтична врска со тринаесетгодишниот Паша од Москва.
„Паша и јас сега сме пар“, напиша девојчето.
И покрај тоа што целата приказна дури неодамна го привлече вниманието најавноста, се чини дека нивниот однос трае веќе извесно време. Имено, тие повеќе пати досега објавуваа фотографии на кои се бакнуваат, па и спијат во ист кревет. На една од фотографиите тие се прегрнати, додека Милана мие заби и тоа само во долна облека. Кога нивните фотографии станаа тема во украинските медиуми, повеќето сомнителни фотографии беа отстранети, а оставени се само оние каде децата не се сами или се во некои вообичаени ситуација. Мајката на девојчето, Дарја на Инстаграм објасни дека немала проблем со врската на нејзината ќерка. Мајката наиде на бројни критики и негативни коментари, а некои од луѓето бараат властите да и го одземат старателството.
„Своето осумгодишно девојче го направи заводлива жена за перверзници“, коментира адвокатката Ана Маљар.
Скандарот го прокоментира и поранешниот политичар Игор Мосијчук кој изјави дека целата работа бара „итна интервенција од полицијата“.
Сето ова е многу блиско на детската порнографија и ги стимулира педофилите да делуваат – додаде тој.
Извор: zena.blic.rs