Воен хеликоптер од типот Mи-17 се урна во авганистанската провиниција Мајдан Вардак. Во несреќата животот го загубија четири члена на екипажот и петмина претставници на безбедносните сили, јавува агенцијата Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека во местото Бехсуд во провинцијата Мајдан Вардак се урнал воен хеликоптер на Авганистанските воздухопловни сили од типот Mи-17.
Во соопштението се наведува се додава дека во тек е истрага за откривање на причините за несреќата.