Јуниорите поразени од Луксембург во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/18 6:28 AM

Јуниорите поразени од Луксембург во Скопје

Репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години во рамките од третото коло од Европското првенство – Б дивизија загуби од Луксембург со 63:73 (37:27).

По триумфот над Исланд во првиот натпревар, следеше пораз од Холандија во вториот натпревар, а денеска нашите јуниори запишаа пораз од Луксембург.
Нашите кошаркари ја контролираа играта и на полувремето водеа со 37:27. Кризата почна во третиот, а кулминираше во последниот период. во цело второ полувреме постигнавме 26 поени, четири помалку од Луксембург само во последната четвртина.
Најпрецизен за нашиот тим Кирил Панов со 22 поени. За гостите Бен Ковач постигна 25.
Извор:МИА