(Видео) Камчев пристигна во Кривичен, ќе сведочи за „Меѓународен сојуз“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/21 10:04 AM

(Видео) Камчев пристигна во Кривичен, ќе сведочи за „Меѓународен сојуз“

Во Кривичниот суд во Скопје пристигна бизнисменот Орце Камчев, кој денес треба да сведочи за случајот Меѓународен сојуз. Обидувајќи се да се сокрие од очите на јавноста, тој во судот беше спроведен од притвор, мерка која му беше одредена пред неколку дена.

Во Судот веќе пристигна и првообвинетиот во овој случај, Бојан Јовановски. Освен него, обвинети се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.