Орце Камчев денеска треба да сведочи за „Меѓународен сојуз” – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/21 7:34 AM

Орце Камчев денеска треба да сведочи за „Меѓународен сојуз”

Ново рочиште во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено да се одржи за предметот „Меѓународен сојуз”. Судијката Софче Ефремова, на последното рочиште за овој предмет најави дека за денеска ќе треба да сведочатЈордан Камчев и Агапи Дика.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари”. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.

МИА