Време: Денеска облачно, вечер врнежи – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/21 7:02 AM

Време: Денеска облачно, вечер врнежи

Умерено до повремено значително облачно. Преку денот на планините и некаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Од вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи, кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места. Утринската температура од минус пет до три, а дневната од три до 14 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

И во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и претежно на планините повремено ќе провејува снег. Преку ноќта кон петок од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег. Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се покачат. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе започне в сабота.