Вечер на интернационална музика и игра на фестивалот „Илинденски денови“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/18 6:26 AM

Вечер на интернационална музика и игра на фестивалот „Илинденски денови“

 Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола вечер продолжува со програма на интернационална музика и игра која ќе ја исполнат ансамблите и фолклорните групи кои доаѓаат од странство.

Фестивалската вечер ќе ја отвори фолклорната група од Зегоцин-Полска, а пред публиката во Битола ќе настапат и КУД „Коста Абрашевиќ“ од Краљево-Србија, Хрватското културно друштво од Шид, фолклорниот ансамбл „Снутки“ од Потарзица-Полска, КУД „Прва петтолетка“ од Трстеник-Србија, фоклорниот ансамбл „Матија Губец“ од Карловац-Хрватска, фолклорната група од Искеле-Северен Кипар и ансамблот за песни и игри од Лорка-Шпанија.

На интернационалната вечер ќе настапат и македонските културно уметнички друштва „Илинден“ и „Гоце Делчев“, и двете од Битола.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ е член на светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ, а се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија.

 

Извор:МИА