Четириесет и четиригодишна Бугарка со привремено живеалиште во Делчево е приведена по напад врз нејзиниот невенчан сопруг. Настанот го потврдија од делчевската полиција од каде информираат дека веднаш по пријавата 44-годишната жена била задржана во полициската станица.
– На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители. Лицето е задржано во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка, се вели со изјавата од полицијата во Делчево.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, воедно поднесе кривична пријава против Д.Р.(34) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– На 11.03.2021 во 23.45 часот, во време на забрана на движење на лица од 22.00 до 05.00 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на ул.„Плачковица“ во Делчево без дозвола за движење, се вели во соопштението од делчевската полиција.
Против пријавеното лице како што додадоа од полицијата најавен е соодветен поднесок.