Русија е среќна што ќе има улога во вселенските напори на Турција, изјави генералниот директор на Руската вселенската агенција (Роскосмос), јавува Агенција Анадолија (АА).
„На Русија ќе ѝ претставува задоволство да ги искористи сите можности за придружување во вселенските иницијативи на нашиот важен јужен сосед и партнер Турција“, изјави Дмитри Рогозин за АА.
„Ние секогаш се обидуваме да одржиме состаноци со нашите турски колеги како дел од разни настани. Искуствата што ги стекнавме во нашите интеракции со нашите турски колеги потврдуваат дека Русија и Турција имаат важни и долгорочни заеднички интереси во областа на вселенските активности.“
Истакнувајќи дека Москва и Анкара се согласиле да работат заедно во нивните мирољубиви активности поврзани со вселената, Рогозин рече дека двете земји ја утврдиле правната рамка што ќе послужи како основа за оваа соработка.
Рогозин, исто така, нагласи дека авионската индустрија на Турција има доволно компетентни и квалификувани експерти за да ја подготват и спроведат нивната мисија на Месечината, што земјата планира да ја изврши во наредните години.
„Русија е подготвена да започне консултации за обука на турски космонаути и за подготовка на вселенски проект со екипаж“, рече тој, додавајќи: „Дискутирањето за сите нијанси на мисијата со екипаж со нашите странски партнери е секогаш многу долга и внимателна работа.“
Осврнувајќи се на беспилотните летала што Турција ги разви во текот на изминатите години, Рогозин ја пофали работата на турската одбранбена индустрија и на турските инженери.
Турција ја објави својата национална вселенска програма на 9 февруари и ги истакна 10-годишната визија, стратегиите, целите и проектите за вселенската политика.