Многу семејни куќи на познатите изгледаат убаво, средени, реновирани, но има и такви во кои веќе никој не живее, само спомени.
Поголемиот број од славните личности на српската естрада денес живеат во луксуз, но не сите се родени и пораснале во истите услови.
Куќата која привлекла најмногу внимание е онаа во која е роден и пораснал Милан Топаловиќ-Топалко. Никогаш не ја криел, ниту се срамел. Во таа трошна куќа живеел 10 години со шест членови на семејството, но како што рекол бил среќно дете.
Жељко Јоксимовиќ пораснал во Ваљево, заедно со братот и родителите.
Весна Џогани пораснала во куќа под Синиот мост во Белград, заедно со својата мајка во сиромаштија.
-Да, бев сиромашно девојче, со големи соништа, рекла Весна.
Рада Манојловиќ е од Четереже, а куќата денес е реновирана.
Драгана Мирковиќ е по потекло од Касидол. Денес ужива во богатство, но и нејзината родна куќа изгледа убаво.
Извор: Телеграф.рс