Напаѓачот на Вест Хем избра: Јамајка пред Англија – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 6:30 PM

Напаѓачот на Вест Хем избра: Јамајка пред Англија

Триесетгодишниот напаѓач на овосезонското изненадување во Премиер Лигата, Вест Хем, Мајкл Антониот, репрезентативната кариера ќе ја продолжи со селекцијата на Јамајка, а не со Англија, пренесува „Sky Sports“.

Некогашниот десен бек на Нотингем Форест минатиот месец доби повик од фудбалската федерација на Јамајка, но повикот го стави на чекање додека не се разјасни ситуацијата со неговиот статус во земјата во која е роден. Сепак, иако Антонио беше претходно селектиран во составот на „Гордиот Албион“ од страна на Герет Саутегјт и Сем Алардајс, но никогаш не настапи во сениорскиот тим.

Ваквите околности го натераа шпицот на „чеканџиите“ да заигра за репрезентацијата на Јамајка, онаму каде што се родени неговите родители.

Во 19 настапи во Премиер Лигата, Антонио има забележано девет погодоци и три асистенции.

 

 

 

Фото:

greenstreethammers.com