(Видео) Колач од јаболка и ореви: Идеален десерт за оние кои постат – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 5:55 PM

(Видео) Колач од јаболка и ореви: Идеален десерт за оние кои постат

Вкусен и едноставен десерт ви предлагаме за денеска, доколку сакате да направите нешто слатко набрзина. Се работи за колач со јаболка и ореви, кој е идеален особено за оние кои постат.

Состојки:

*мерата е чаша од 2 dcl

3 чаши рендани јаболка

1 чаша шеќер

1 лажичка сода бикарбона

2 чаши мелени ореви

2 чаши брашно

½ чаша масло

1 ванилин шеќер

За прелив:

½ чаша шеќер

2 чаши вода

Подготовка:

Измешајте ги јаболката и шеќерот, па додадете ја содата бикарбона и соединете. Добиената смеса покријте ја со фолија и оставете ја да отстои во фрижидер еден час. Додајте ги оревите и ванилиниот шеќер, па промешајте. Потоа сипете го брашното, промешајте и на крај додадете го маслото. Кога сето ова добро ќе се соедини, смесата ставете ја во сад за печење со димензии 32х22 cm. Печете на 180 степени триесетина минути.

За преливот:

Во тенџере ставете го шеќерот, додадете вода и гответе додека да зоврие. Откако колачот ќе се олади, прелијте го со добиената смеса и оставете да се лади уште половина час, а потоа украсете со мелени ореви.

 

Извор:  informer.rs