Невенчана сопруга го нападнала со нож сопругот и неговите родители, Полицијата ја приведе – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 4:20 PM

Невенчана сопруга го нападнала со нож сопругот и неговите родители, Полицијата ја приведе

Вистинска драма преживеало семејство од Делчево. Невенчаната сопруга, бугарска државјанка и со привремен престој во Делчево  со нож им се заканила на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители. Полицијата ја привела.

„На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители,“информираат од Полицијата.

Жената  била задржана во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.