„Спонзориран текст“
Жито Маркети ја отворија својата нова продавница во Општина Илинден, а инаку 60-та низ целата држава. Новиот маркет се наоѓа на улица 8, број 77 и е втор по ред во оваа Општина. Маркетот е распространет на површина од 700 м2, со три наплатни каси и со тим којшто вклучува 18 нови вработени лица.
“Отворањето на уште еден во низата маркети ја отсликува деловната политика на нашата компанија и е нова потврда за довербата којашто ни ја укажуваат македонските граѓани. А, ние таа доверба ќе ја оправдаме преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи. Следењето на овој концепт, всушност, е наш приоритет кон задоволување на потребите на нашите купувачи, коишто добиваат вредност плус за нивниот буџет.”, изјави Стојанче Тодороски, Административно – технички директор на Жито Маркети.
Новиот маркет е дизајниран и опремен во согласност со европските стандарди за пазарење, со сопствен паркинг простор и со пристап за лица со инвалидност. Асортиманот на продавницата е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и сопствениот приватен бренд на Жито Маркети – брзорастечката “5ка”. Маркетот располага со поголем простор за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува, од добавувачот Фруитленд. Оваа продавница вклучува засебен оддел за продажба и на производи коишто не спаѓаат во прехранбената категорија. Кога е Жито маркети во прашање, очекувајте многу подароци, акции, промоции и други изненадувања за купувачите.
“Маркетот е простран, запазени се сите протоколи на здравствените власти наложени од состојбата со коронавирусот, редовно се дезинфицираат сите површини, безбеден за пазарење. Сите се добредојдени. Сè на сè, многу убаво ново катче во срцето на Илинден”, велат одговорните во Жито Маркети.
Новиот маркет е отворен седум дена во неделата, со работно време од 07,00 до 21,30 часот од понеделник до сабота, а во недела и празници од 08,00 часот до 16,00 часот.