Бобан Петровиќ (48) од Ниш, коj бил заразен од корна поради неговата тежина вчера Брзата помош не можела да го изнесе од куќата и да биде пренесен во болница. Бобан не можел ни да стане од кревет, ни да застане на нозе. Неговото семејство некако едвај успеало да го однесе на Клиника, но за жал поради прекумерната тежина од скоро 300 килограми, починал синоќа на рецепцијата во Новиот клинички центар во Ниш.
– На 10 март му беше дијагностицираан Ковид. Бевме заразени, целото семејство, но тој тешко го минуваше вирусот. Преку ноќ, неговата состојба се влоши. Тој беше многу голем човек. Тој тежше скоро 300 килограми. Брзата помош немаше можност да го пренесе во болница, бидејќи немаше сила да го застане на нозе. Тој не можеше ни да се смести во инвалидска количка, тие немаа толку силно носило што може да го носи. Имаше и пожарникари, но ништо не сторија. Мислеа дека ќе го одведат со шаторското крило, но и тоа не можеа да го сторат, бидејќи во куќата има многу кривини и скали, изјави за „Блиц“ Билјана Петровиќ, сопругата на Бобан кој почина од корона вирус.
Таа потврдува дека Брзата помош дошла вчера три пати, и дека Бобан синоќа некако успеал да стане од кревет.
– Бобан синоќа, некако доби сила и излезе од куќата на нозе. Чекор по чекор излезе од куќата. Го возевме со нашиот автомобил до Клиничкиот центар во Ниш. На Инфективната клиника немаше место, па не испратија во Новиот клинички центар, но тој почина пред шалтер. Кога го извлековме од автомобилот, тој се онесвести во ходникот, се изгуби … После, тие не можеа ни да го реанимираат, срцето му беше полно со вода, вели Билјана, скршена од тага.
Извор и фото: Блиц.рс