„Нашите молитви се слушнати“ – после една година на Тања Савиќ и ги вратија синовите – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 3:08 PM

„Нашите молитви се слушнати“ – после една година на Тања Савиќ и ги вратија синовите

Пејачката Тања Савиќ една година води битка да ги врати синовите Ѓорѓе И Максим, кои нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ кој ги одвел во Австралија без нејзина дозвола.

Тања сега на Инстаграм објавила фотографија со децата, а под неа напишала дека сега конечно се повторно заедно.

-Моите две најголеми љубови. Максим и Ѓорѓе. Сите овие 335 дена без вас беше залудно. Иако бев многу осамена, некако, со вашата насмевка (иако физички разделена од вас) никако не избледе од моите мисли и ми беше стимул за денот кога повторно ќе ве видам. Тој глас ми даваше надеж. Гласот на моите ангели. Само ние знаеме колку е таа љубов измеѓу нас волшебна. Нешто што со зборови неможе да се опише. Но со поглед и насмевка може.  Тие моменти кога се разбираме и не зборуваме немаат цена. Додека цело време од дома до училиште се држиме за рака… Додека со ноќи лежиме заедно и се смееме на моите измислени бајки. Сето тоа беше прекинато на едно време. Животот не е бајка… Да се биде мајка е Божји повик да бидеш борец и учител. Кога од ученик ќе станеш учител, тогаш тоа е победа. Победа над самите себе си. Вие сте мои херои. Ми дадовте сила да издржам. Ја чувам мојата радост и трепет во срцето за нашите немирни и разиграни следни денови. Конечно се слушнати нашите молитви конечно да бидеме заедно! Ве сака мама. П.С. Ви благодарам вам што бевте секогаш тука кога и да требеше. Јас сум најсреќната мајка, напишала Тања.

Извор: Курир.рс