Арсовски: Заев направил кривично дело кога се јавил кај Виолета, која е партиски војник на СДСМ, тогаш немало одлука на Влада – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 1:30 PM

Арсовски: Заев направил кривично дело кога се јавил кај Виолета, која е партиски војник на СДСМ, тогаш немало одлука на Влада

Од прв до последен во Влада на чело со Заев, сите до еден лажат. Пред само два дена кога излезе скандалот дека Заев лично ѕвонел да се пропуштат луѓе на граничниот премин Деве Баир, од Владата испратија соопштение дека се груби манипулации.

Вчера самиот Заев призна дека се јавил кај службеничка со прекрасен глас, по име Виолета, како што можеше да се види по медиумите и излажа дека не ја познавал службеничката и нејзе и кажал да бидат пропуштени возилата, нормално како загрижен за своите граѓани.

Најпрвин, со ова Зоран Заев сакаше да ја изманипулираше јавноста, се обиде да сокрие за ваквиот скандал и откако беше фатен во тесно, мораше да признае.

Со ова извршил злоупотреба на службената должност и извршил влијание врз службеничката, која ниту смее да прима наредби од него, ниту пак да постапува.

Таа единствено смее да постапува согласно законските можности и одговорност која ја сноси на работното место, вклучително по наредба на нејзините претпоставени, а нејзин претпоставен не е Зоран Заев.

Потоа, скандалозно е што едно од возилото било странско возило од Косово, со косовски регистарски таблички и косовски државјани внатре, што е спротивно на она што го говореше државата дека биле македонски државјани, и е спротивно на било кој заклучок на било која седница на владата Владата.

Владата се обиде да сокрие, а се уште останува отворен сомнеж, дали и што можеби превезувале овие возила и дали некој направил претрес и записник што се пуштено по ургенција на Зоран Заев?

Зошто и по чија наредба, а веруваме по наредба лично на Заев, е менувана службената белешка од службеничката со прекрасен глас Виолета, каде што најпрвин било заведено дека Заев лично ургирал за возилата, а потоа во следната беше истото избришано?

Инаку, според нашите информации, а веќе и медиумите пишуваа службеничката со прекрасен глас за која лаже Заев дека не ја познавал, се вика Виолета Ангеловска, мајка на екс-советник од редовите на СДСМ, Дарко Ангеловски, кој е сега вработен од СДСМ во МВР како инспектор, односно и службеничката Виолета и нејзиниот син се партиски членови на СДСМ за кои Заев вели не ги познава, а им се јавил, односно и се јавил на службеничката. Повторно лаже.

Одговорност за ваквото шерифско – монархиско однесување мора да има. Одговорност мора да сноси и Заев, одговорност мора да сносат и службениците кои биле на смена на Деве Баир, одговорност мора да сноси и Оливер Спасовски.

 

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ