Имаме мал процент на реинфекции и нема зголемен број на заболени ученици и наставници, рече Караџовски – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 12:27 PM

Имаме мал процент на реинфекции и нема зголемен број на заболени ученици и наставници, рече Караџовски

Во земјава се регистрирани 116 реинфекции, од кои двајца се починати, што е релативно мал број на некои 112.000 позитивни, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Караџовски истакна дека смета оти ова се должи пред се на непочитување на мерките, особено на оние лица кои веќе го прележале вирусот и кои сметаат дека повторно не можат да заболат.

Додаде дека не станува збор за невалидни тестови, 20 институции во државава имаат одобрение од Министерството за здравство да се занимаваат со дијагостика и да прават ПЦР тестови.

-Верувам дека овие резултати што сме ги добиле како реинфекција голем дел се должат на непочитување на мерките или во крајна линија на оние лица кои мислат дека не можеле да се заразат, а имале контакт со лице, кое е можеби заразено со британскиот сој, рече тој.

Караџовски рече дека во најголем дел од земјава нема зголемен број на заболени наставници и ученици за да се преземат дополнителни мерки.

“Во државата има околу 40 илјади ученици кои се опфатени во фазата на едукација. Во најголем дел од државата немаме зголемен број  заболени наставници, учители и ученици, што би било сигнификантен број за да се преземат одредени мерки за намалување на опцијата дека треба да се едуцираат со физичко присуство, рече Караџовски на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.