Турција ја регистрира ендемската црна роза, што во светот расте само во Халфети, Шанлиурфа – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 12:18 PM

Турција ја регистрира ендемската црна роза, што во светот расте само во Халфети, Шанлиурфа

Канцеларијата за патенти и трговски марки на Турција ја регистрира црната роза (караѓул), што во светот расте само во Халфети, Шанлиурфа, јавува Анадолија (АА).

Според соопштението на Општина Халфети, на 18 септември 2019 година било поднесено барање на иницијатива на градоначалникот Шереф Албајрак, да се регистрира црната роза, која има уникатен изглед и мирис.

Од листовите на црната роза се произведуваат разни креми, сапуни и колонска вода. По испитувањето спроведено од Канцеларијата за патенти и трговски марки на Турција, розата е патентирана.

„Црната роза (караѓул) го привлекува вниманието на сите наши гости што доаѓаат во областа, со својот уникатен мирис и изглед од почвата каде што расте. Од црната роза се произведува џем, локум, парфеми, колонска вода, чоколадо, сапун и разни креми“,рече Албајрак.