Социјалните мрежи се преполни со смешни коментари во врска со патувањето на поранешниот генерален секретар на Влада, Драги Рашковски, која заминал за Мексико, но и за Љпчо Николовски, вице премиер за борба протв корупција, кој заминал за Дубаи. Во услови кога државава поради зголемиот број заразени од Ковид-19, размислува за карантин, и кога секојдневните препораки на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче се да не се патува и да се внимава, јавноста не може да го оправда напуштањето на земјата на двајцата функционери.
Раш, сигурно нѐ читаш ама не мрдаш, како човек пред мечка, play dead. Пушти сличе да видиме тенот еј!
— Лична Македонка 💣 (@LicnaMakedonka_) March 16, 2021
Оттаму како начин на изразување револт, Твитер заедницата, но и Фејсбук корисниците преку своите твитови и постови се обидваат на шега да ја објаснат состојбата.
„Народот во карантин, Рашко и Љупчо во Мексико и Дубаи“, „Мексико“ е награда на Рашковски која му се падна во 200 грама кафе, „Слушајте го Венко и не тупете многу за мене, добар сум, не се секирајте„.., се само дел од твитовите на сметка на двајцата функционери.
15 дена, на одмор у Мексико у сред пандемија и најави за карантин… @DragiRaskovski да ти се позлати раката и главата шо мозок имаш.. ние затуцаните ке скенираме фискални. и ќе пееме по терасите…
— JanevskiZ (@ZoranJanevski) March 16, 2021