“Во врска со случајот со родилката од Дебср, Јилдз Веапоска, со оглед на неколку барања, прво од нејзиното семејство, потоа и од Хелсиншкиот комитет за човекови права, донесов решение за формињање на нова Комисија која е ја водат директорите на пет клиники, а донесена е и одлука да се разреши директорот на Струшката болница, д-р Мухамед Асани“, рече Филипче.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Ј.В.
Комисијата која е составена по барање на министерот, има 5 члена, и има задача да изврши надзор над стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката.
За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.
Министерот Филипче, бара од Комисијата, извештајот задолжително да содржи констатирана состојба, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита. Членовите на Комисијата формирана од Филипче, треба да дадат стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пацинетот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или прпопусти и рокови за нивно отстранување.
Орце Костов