Двајца маскирани напаѓача вчера во Подгорица, главниот град на Црна Гора, пресретнале вработени во фирма за обезбедување и им го украле блиндираното поштенско возило при трнспорт на пари во близина на Автобуската станица.
Според сознанија на подгоричка „Побједа“, полицијата синоќа го нашла напуштеното возило кај стариот аеродром во Подгорица, а работела на идентификација на сторителите.
Засега се прецизира дали и колку пари имало во возилото.