Судирите во Мозамбик раселија 670.000 луѓе, а бројот на загинати е 2.600 – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 8:10 AM

Судирите во Мозамбик раселија 670.000 луѓе, а бројот на загинати е 2.600

Своите домови во африканската земја Мозамбик на брегот на Индискиот Океан ги напуштија 670.000 лица поради терористичките напади на организацијата „Ансар ал Суна“ врз цивилите од 2017 година досега, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Чанс Бригс, директорот на Меѓународната невладина организација „Save the Children Mozambique“, изјави дека бројот на луѓе погодени од тековните конфликти се зголемува од ден на ден во провинцијата Кабо Делгадо во северниот дел на Мозамбик.

Бригс информираше дека бројот на смртни случаи во судирите во Мозамбик надминал 2.600 лица.

Бригс ја сподели информацијата дека бројот на луѓе што ги напуштиле своите домови поради конфликтите во Кабо Делгадо се зголемил на 670.000 и дека конфликтите ја влошиле хуманитарната состојба, додавајќи дека луѓето во регионот имаат потреба од хуманитарна помош.

Бригс изјави дека организацијата како своја цел ги има и децата на возраст под 11 години.

Од друга страна, споделени се информациите дека американската Армија започнала да обезбедува воена обука за Армијата на Мозамбик во борбата против организацијата „Ансар ал Суна“.

Армијата на Мозамбик спроведува операции против организацијата Ансар ал Суна која пред 4 години се појави во провинцијата Кабо Делгадо. Оваа провинција со популација од 2,3 милиони жители, се наоѓа на границата со Танзанија и е богата со природен гас и скапоцени минерални суровини.

Соопштено е дека 1,3 милиони луѓе да се соочат со безбедносна криза поради терористички напади врз цивилите.

За споменатата вооружена група што ги спроведува овие напади, меѓу локалното население позната како „Еш-Шебаб“ се тврди дека е поврзана со ДАЕШ.