Време: Денеска облачно, попладне и со сонце – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 7:01 AM

Време: Денеска облачно, попладне и со сонце

Променливо облачно, студено и ветровито, претежно на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот некаде со слаб дожд. Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер. Утринските температури од минус шест до шест, дневните од два до 13 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури в четврток и в петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.