Не пеат, а заработиле 100.000 евра – Цеца и Анастасија се фрлиле на нов бизнис – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 11:32 PM

Не пеат, а заработиле 100.000 евра – Цеца и Анастасија се фрлиле на нов бизнис

Пејачката Светлана Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија, наводно, започнале да заработуваат многу пари од нивниот нов бизнис, а станува збор за рекламирање производи преку Инстаграм.

За последната реклама наводно зеле сто илјади евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


– Цеца и Анастасија претходно учествуваа во бројни кампањи, но сфатија дека заработката ќе се зголеми доколку рекламираат еден производ заедно. По последните преговори, тие се согласиле да го рекламираат производот за 100.000 евра. Бидејќи и двете имаат по два милиони следбеници, само една објава може да им донесе по 10.000 евра, па на крајот излегува дека дале попуст – вели извор близок до семејството.

Сепак, Цеца и нејзината наследничка тврдат дека парите што ги зеле не се ни приближни за бројката за која станува збор.

– Тоа не е точно, камо среќа да е така – коментирале тие.