Тухел кон новинар: Престани да читаш, или ако читаш, прочитај барем некоја книга – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 9:20 PM

Тухел кон новинар: Престани да читаш, или ако читаш, прочитај барем некоја книга

Евидентно, Вернер е „слабата точка“ на новиот тренер на Челзи кој утре ќе се сретне со Атлетико Мадрид во реванш дуелот од 1/8 финалето од Лигата на Шампионите.

Шпекулациите „на стаклени нозе“ кои се појавија деновиве во некои англиски медиуми и на социјалните мрежи за наводното заминување на поранешниот напаѓач на Вернер од англискиот клуб, најдоа свое место и на денешната прес-конференција на германскиот стратег.

Еден од новинарите му се обрати на Тухел со зборовите „читам лоши приказни за Тимо Вернер“, на што поранешниот предводник на Мајнц и Борусија Дортмунд му одговори по малку и луто и цинично, но во негов препознатлив стил.

-Престани да читаш. Што читаш? Престани да читаш. Можеби би било добро наместо работите кои ги читаш, да прочиташ некоја книга. Тимо нема причина да биде фрустриран бидејќи игра добро. Сите тие работи кои излегуваат во медиумите ќе исчезнат за многу брзо, изјави Тухел.

„Сините“ утре на „Стемфорд Бриџ“ го дочекуваат Атлетико Мадрид со поволен резултат од првиот меч одигран во Букурешт кадешто Челзи преку феноменалниот погодок на Оливие Жиру победи 0:1.

 

 

 

Фото:

standard.co.uk